Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пријави нови напади со дронови врз руската престолнина. Силите за воздушна одбрана соборија најмалку 18 дронa што се движеа кон Москва од различни насоки, информира Собјанин на Телеграм
Украина во текот на ноќта лансира повеќе од сто дронa на руска територија, насочени кон Москва и нарушувајќи го работењето на десетина аеродроми, соопштија руските власти.

Сите четири главни аеродроми во Москва се привремено затворени од безбедносни причини, соопшти руската агенција за воздухопловство „Росавијатија“ на Телеграм.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пријави нови напади со дронови врз руската престолнина. Силите за воздушна одбрана соборија најмалку 18 дрона што се движеа кон Москва од различни насоки, информира Собјанин на Телеграм.
Тој рече дека делови од соборените беспилотни летала паднале на еден од главните патишта кон Москва, но немало жртви.
Украина сè уште не излезе со коментар. Сепак, градоначалникот на Харков тврди дека Русија го нападнала и неговиот град со дронови во текот на ноќта. Во исто време, гувернерите на Пензенскиот и Воронешкиот Регион во Русија тврдат дека биле цел на украински дронови.
❗️🇺🇦⚔️🇷🇺 – Ukrainian drones attacked Moscow and 13 other Russian regions on May 5, 2025, disrupting three major Moscow airports—Domodedovo, Vnukovo, and Zhukovsky—and targeting military and energy sites up to 700 miles from Ukraine’s front lines.
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) May 5, 2025
The strikes, which mark a… pic.twitter.com/UEPZAQMs1O
Ова не е прв напад со беспилотни летала врз Москва
Непотврдени извештаи од руски воени блогери сугерираат дека прозорците на еден стан во јужна Москва биле скршени во нападот синоќа. Ова е втора ноќ по ред Русија да известува за украински напади со беспилотни летала. Вчера руското Министерство за одбрана објави дека 26 украински беспилотни летала биле уништени преку ноќ.
Од целосната инвазија на Русија врз Украина пред повеќе од три години, Киев изврши неколку напади со беспилотни летала врз Москва. Во најголемиот напад во март загинаа три лица.
Најновите напади доаѓаат откако вчера се појавија извештаи за нови украински обиди за инвазија на Курската Област. Киев вчера соопшти дека погодил команден пункт во близина на селото Тјоткино во Курската Област.
Ukrainian drones approached the capital of Russia, Moscow, tonight.
— Status-6 (Military & Conflict News) (BlueSky too) (@Archer83Able) May 5, 2025
The Russian side claimed the interception of 19 Ukrainian strike drones by Russian air defenses. pic.twitter.com/cOkhmN0MFF