Од Министерството за внатрешни работи велат дека уапсеното лице е 38-годишен Н.А. од Скопје, кој е осомничен дека денеска околу 15 часот ја убил својата сопруга во семејната куќа во Скопје
Околу 17 часот на граничниот премин „Табановце“ полициски службеници уапсиле 38-годишно лице од Скопје за сторено кривично дело убиство, информираат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека лицето е осомничено дека претходно, во текот на денот, околу 15 часот во семејната куќа во Скопје, со остар предмет ја убил својата сопруга Р.А, по што тој се дал во бегство.
„Денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет ѝ нанел повреди на својата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Н.А. се дал во бегство, но веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и околу 17 часот тој е лишен од слобода и во координација до јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава“,
велат од МВР.