Како што пренесе телевизијата Н1, исполнувањето на нивното барање и повлекувањето на блокадата, студентите го прославиле пред зградата на Радио-телевизијата на Србија (РТС) извикувајќи – „Конкурсот е објавен, РТС е слободен“
Студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белгард објавија дека блокадата на јавниот медиумски сервис (РТС) е завршена по четиринаесет дена.

Одлуката студентите ја објавија на социјалните мрежи, откако беше исполнето нивното барање за распишување нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија (РЕМ).
„Објавен е нов конкурс за Советот на РЕМ. Со тоа, блокадата на РТС е завршена, по 14 дена“, напишаа тие на платформата Икс.
Raspisan je novi konkurs za Savet REM-a. Sa tim, gotova je blokada RTS-a, nakon 14 dana.
— FDU u blokadi (@sviublokade_fdu) April 28, 2025
Ponovo radi ćevabdžinica.
Како што пренесе телевизијата Н1, исполнувањето на нивното барање и повлекувањето на блокадата, студентите го прославиле пред зградата на Радио-телевизијата на Србија (РТС) извикувајќи – „Конкурсот е објавен, РТС е слободен“.
На денешната седница на собранискиот Одбор за култура и информации беше изгласана одлука за почнување постапка за предлагање кандидати за избор на членови на Советот на РЕМ.
На 14 април студенти ги блокираа влезовите на РТС во центарот на Белград и на Кошутњак. Тие тогаш објавија дека РТС ќе биде блокирана сè додека не се објави нов оглас за избор на Советот на РЕМ.
Одброт во српскиот парламент за култура и информации ја поништи претходно донесената одлука за избор на членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми и почна постапката за распишување нов конкурс, што формално го побара опозицијата.
Објавувањето нов конкурс за избор на членови на Советот на РЕМ беше барање на студентите, со цел да се прекине блокадата на зградите на РТС, што почна на 14 април во 22:00 часот.
За поништување на претходната одлука гласаа сите 16 членови на Одборот на српскиот парламент, а одлуката за распишување нов конкурс ја поддржаа 15 членови, јави Н1.
За време на седницата, што траеше околу три и пол часа, претставниците на владата и опозицијата изразија дијаметрално спротивни ставови за медиумите, како и за студентските блокади.
Претходната постапка за избор на нови членови на Советот на РЕМ беше практично суспендирана, бидејќи седум од вкупно 18 кандидати ја повлекоа својата кандидатура тврдејќи дека процесот бил полн со нерегуларности и незаконитости.
Во меѓувреме, за министер за образование е назначен друг кандидат, професорот на Педагошкиот факултет и политички аналитичар, Дејан Вук Станковиќ.
Мнозинството во Одборот за култура и информации го сочинуваат пратеници од владејачката коалиција, па затоа немаше гаранции дали ќе биде распишан нов конкурс.
Мандатот на претходното свикување на Советот на РЕМ истече на 4 ноември 2024 година, а нов не беше избран речиси шест месеци.