Утре и задутре се очекуваат ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст
Променливо облачно со сончеви периоди е прогнозата на времето за денешниот ден, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во западните и јужните делови од земјата ќе има појава на повремен локален дожд и услови за ретки грмежи.

„Минималната температура ќе се движи од 6 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени“,
информираат синоптичарите.
И во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, како и услови за слаб дожд.
Mаксималната температура ќе достигне 23 степени.
Утре и задутре се очекуваат ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.