Американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе потпише извршна наредба за социјалните мрежи, изјави неименуван претставник на Белата куќа.
Трамп по предупредувањето од Твитер, корисниците да ги проверуваат фактите во неговите твитови, тој се закани дека ќе ги преземе мерки против социјалните мрежи.
Неговиот указ, според американските медиуми, би бил насочен кон ограничување на заштитата од одговорност на социјалните мрежи.
Најавената претседателска уредба ќе ги задолжи извршните институции, вклучително и Федералната комисија за комуникации и Федералната комисија за трговија, да испитаат дали на компаниите кои поседуваат социјални мрежи можат да им се воведат нови деловни правила.
Твитер вчера првпат предупреди дека твитовите на Трамп водат кон дезинформации, а американскиот претседател го обвини Твитер дека „ја задушува слободата на говорот“ и „се меша во претседателските избори 2020“.

Портпаролот на Твитер, Трентон Кенеди, изјави дека твитот на Трамп за гласањето преку пошта не ги крши правилата бидејќи „не се обидува директно да ги одврати луѓето од гласање“, туку содржи „погрешни информации за процесот на гласање, посебно за испраќање на гласачките ливчиња“.