Лицето, според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), било пренесено во прилепската болница, каде што лекарите констатирале смрт
Жител на прилепското село Мажучишта вчера доцна попладне починало од удар на гром во атарот на селото, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Случајот, според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, бил пријавен во 17:39 часот преку единствениот телефонски број за итни случаи 112.
Пријавувачот известил дека има починато лице, кое најверојатно било погодено од гром во селото Мажучиште, Општина Прилеп.
„За ова, од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и во Итната медицинска помош (ИМП) за понатамошна постапка“,
информираат од ЦУК.
Според последната информација добиена од РЦУК Битола, лицето било погодено од гром, по што е пренесено во Итната медицинска помош во Прилеп, каде што лекарите констатирале смрт.