Во вчерашниот земјотрес, како што вели турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу, биле повредени 236 лица, а повредите настанале поради падови, скокови или паника

Продолжуваат последователните потреси во регионот на Истанбул по вчерашниот земјотрес со јачина од 6,2 степени.
Како што може да се забележи на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), утринава е регистриран земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала на 31 километар југозападно од Бујукчекмеџе, општината во чија близина вчера беше потресот од 6,2 степени.
Земјотресот се случил на длабочина од седум километри.

Во текот на ноќта и утринава, според ЕМСЦ, имало уште серија други потреси кои биле со послаб интензитет.
Во вчерашниот земјотрес, како што вели турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу, биле повредени 236 лица, а повредите настанале поради падови, скокови или паника.
Најголем дел од повредните, како што вели Мемишоглу, се во Истанбул – 173, 24 се во Текирдаг, 24 во Сакарија, 13 во Бурса и двајца во Јалова.
Од повредените, додава министерот, 221 лице биле пуштени од болница откако им била укажана потребната лекарска помош.
Од Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) велат дека е можно земјотресите со одредена јачина да продолжат одреден временски период поради афтершокови кои продолжуваат и по главниот удар.