Според најавите од УХМР, до крајот на оваа недела ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На некои места, во текот на денот, се очекува појава на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Утринската температура ќе биде од 6 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 25 степени.
И во Скопје за денеска се најавува променливо облачно време со повремен дожд. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 25 степени.
За утре се прогнозира слично време – променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Во делови од земјата се очекува невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Според најавите од УХМР, до крајот на оваа недела ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.