Потресот се случил во 12:49 часот по локално време во Мраморното Море во близина на брегот на областа Силиври во Истанбул
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди регионот на Истанбул.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека потресот се случил на 39 километри југозападно од Бујукчекмеџе – една од 39 општини во Истанбул која се наоѓа на брегот на Мраморното Море.
Потресот се случил во 12:49 часот по локално време во Мраморното Море во близина на брегот на областа Силиври во Истанбул. Епицентарот на земјотресот, според ЕМСЦ, бил на длабочина од шест километри.
Засега нема извештаи за материјални штети, а луѓето се евакуираат од зградите.
Земјотресот е еден од најсилните што го погодил 16-милионскиот град во Турција во последните години.