Од МВР апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами и додаваат дека Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите
Граѓани и правни лица добиле лажни пораки во врска со наводна тековна истрага, а испраќачите лажно се претставувале во име на МВР и Европол, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Оттаму апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами и додаваат дека Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите.

„Секторот за компјутерски криминал апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност“,
стои во соопштението на МВР.