Претходно вчера американскиот претседател рече дека не е сигурен дали ќе присуствува на погребот на папата
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека тој и неговата сопруга Меланија Трамп ќе присуствуваат на погребот на папата Франциск во Рим.

„Меланија и јас ќе одиме на погребот на папата Франциско во Рим. Со нетрпение очекуваме да бидеме таму!“,
напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа Трут соушл.
Претходно вчера Трамп рече дека не е сигурен дали ќе присуствува на погребот на папата.
Според апостолскиот устав, кој ги дефинира процедурите по смртта на папата, погребната церемонија треба да се одржи меѓу четвртиот и шестиот ден од неговата смрт. Тоа значи дека погребот би може да се одржи меѓу петок, 25 април и недела, 27 април.