Според првичните информации од медицинските екипи, едно лице е повредено во несреќата
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај скопско Зелениково, пренесува МИА.

Настанот се случил попладнево, а според првичните информации од медицинските екипи, во несреќата е повредено едно лице.
Екипата на скопската Итна медицинска помош е на местото на несреќата.
Засега нема детали за причините на оваа сообраќајна несреќа и како дошло до судирот.