Им посака среќен Велигден на „неефикасните судии и службеници задолжени за спроведување на законот, кои дозволуваат овој злобен напад врз нашата земја да продолжи, напад толку насилен што никогаш нема да биде заборавен“
Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата социјална мрежа Трут соушл го честита Велигден. Но, велигденската честитка ја искористи за жесток напад врз, како што ги нарече, „лудите левичари“ и политиката на поранешниот америкнаски претседател Џо Бајден, обвинувајќи го дека дозволувал криминалци да влезат во земјата преку отворени граници.
Во објавата Трамп го навреди Бајден, нарекувајќи го „деструктивен морон“. Ги критикуваше и судството, полицијата и изборите во 2020 година, истовремено упатувајќи саркастични честитки до противниците по повод празникот.

Трамп на почетокот на објавата напиша дека им го честитита Велигде на сите, вклучително и на радикалните левичарски лудаци, кои, како што рече, се борат и планираат да ги вратат депортираните „убијци, наркобосови, опасни затвореници, луди и добро познати членови на бандата МС-13 и насилници на жени во Соединетите Американски Држави (САД)“.
Исто така, им посака среќен Велигден на „неефикасните судии и службеници задолжени за спроведување на законот, кои дозволуваат овој злобен напад врз нашата земја да продолжи, напад толку насилен што никогаш нема да биде заборавен“.
Му посака среќен Велигден на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и на сите кои, како што наведе, направиле измами на претседателските избори во 2020 година.
Трамп напиша дека Бајден е „убедливо најлошиот и најнеспособниот“ американски претседател, „човек кој апсолутно немал поим што прави“.
„Тој беше, убедливо, нашиот најлошиот и најнеспособниот претседател, човек кој апсолутно немаше поим што прави. Честит Велигден и на личноста која управуваше со автоматското потпишување на одлуките (можеби нашиот вистински претседател!), и на сите луѓе кои учествуваа во измамите на претседателските избори 2020 година, со цел да го добијат за претседател овој крајно деструктивен морон“,
напиша Трамп.