Од СВР Струмица соопштија дека момчето починало на местото на несреќата
Деветнаесетгодишно момче од село Миравци утрово околу 4 часот загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу селата Миравци и Давидово, во близина на Гевгелија, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица.

Оттаму велат дека несреќата настанала кога момчето со автомобилот, марка бе-ем-ве што го управувало, излетало од коловозот на патот меѓу селата Миравци и Давидово, во близина на Гевгелија.
„Момчето починало на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош“,
се наведува во соопштението од СВР Струмица.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Гевгелија.