Српскиот радиодифузен сервис ја нарече блокадата нелегална, додавајќи дека на вработените им е оневозможено да влезат на своите работни места. Поради тоа, РТС објави дека го прилагодува програмскиот распоред поради отежнатите работни околности
„Велигден ќе го поминеме пред РТС“ – порачаа вечерва студентите кои четврти ден по ред ја блокираат зградата на Радио-телевизија Србија (РТС). Порачаа дека борбата за вистината не смее да престане ниту за празниците.

Студентите ја започнаа блокадата пред зградата на РТС во понеделникот, тврдејќи дека јавниот сервис не известува објективно за нивните протести. Најавија дека блокадата ќе трае додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), или додека РТС не се исклучи.
Вечерва студентите ги поканија граѓаните да им се придружат пред зградата на РТС во недела, на Велигден.
„Донесете празнични украси, креирајте активности за децата, донесете вапцани јајца, понесете радост и љубов“,
стои во објавата на социјалните мрежи од студентите кои се во блокада.
Српскиот радиодифузен сервис ја нарече блокадата нелегална, додавајќи дека на вработените им е оневозможено да влезат на своите работни места. Поради тоа, РТС објави дека го прилагодува програмскиот распоред поради отежнатите работни околности и апелира за прекин на блокадата.