Американскиот претседател изрази уверување дека САД и ЕУ ќе постигнат трговски договор во одреден момент, не прецизирајќи кога би се случило тоа. Трамп ова го кажа во одговор на новинарско прашање за тоа што ќе се случи ако не се постигне договор на крајот од 90-дневната пауза за воведувањето на царините што ја одреди
Италијанската премиерка Џорџа Мелони е првиот европски лидер што се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп откако тој воведе царини за увоз во САД за повеќе земји, вклучително и за Европската Унија.

За време на денешната средба во Овалната соба во Белата куќа, Трамп и Мелони изразија оптимизам во врска со евентуален трговски договор меѓу САД и Европа за царините.
Американскиот претседател изрази уверување дека САД и ЕУ ќе постигнат трговски договор во одреден момент, не прецизирајќи кога би се случило тоа. Трамп ова го кажа во одговор на новинарско прашање за тоа што ќе се случи ако не се постигне договор на крајот од 90-дневната пауза за воведувањето на царините што ја одреди.
„Ќе има трговски договор, 100 проценти. Секако дека ќе има трговски договор. Ќе склучиме трговски договор, јас целосно го очекувам тоа, но тоа ќе биде фер договор“,
изјави Трамп за време на средбата со Мелони.
Мелони, која води крајно десничарска влада во Италија, рече дека е сигурна оти САД и ЕУ можат да најдат договор, нарекувајќи ги САД доверлив партнер, и покрај негодувањето предизвикано од царините на Трамп.