Тројцата разбојници, според полицијата, се сомничат дека вчера околу 22.25 часот на автобуска постојка на Бит-пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од селото Кучевиште, Скопско
Три лица со закани им одзеле пари на пет малолетници на автобуска станица на Бит-пазар во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Полицијата ги привела С. А. (19) од село Кондово, Скопско, М. И. (22) и Р. Ф. (20) – и двајцата од Скопје.
„Тие се сомничат дека вчера околу 22.25 часот на автобуска постојка на Бит-пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од селото Кучевиште, Скопско. Откако го напуштиле местото пресретнале и други двајца малолетници од скопските села Идризово и Трубарево“,
се вели во полициското соопштение.
Откако случајот ќе биде целосно документиран, со координација од јавен обвинител, против трите лице ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.