Ш.Б. (51) од Косово е приведен поради сомнеж за сторено кривично дело давање поткуп
Косовски државјанин вчера во 19:30 часот се обидел да ја премине границата за влез во земјава, на преминот „Долно Блаце“ ставајќи 10 евра во пасошот. Покрај тоа, на увид ги приложил и документите за возилото што го управувал, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од полицијата велат дека Ш.Б.(51) од Косово е приведен поради сомнеж за сторено кривично дело давање поткуп.
„При граничната контрола, на увид дал документи за патничко возило ‘фолксваген голф‘ со косовски таблички, кое го управувал и во патната исправа ставил банкнота од 10 евра“,
се вели во полициското соопштение.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.