Во документот, како што пренесува Си-ен-ен, се препорачува затворање на 10 дипломатски претставништва и 17 конзулати, вклучително и два во Босна и Херцеговина, односни конзуларните одделенија во Мостар и Бања Лука, како и пет конзулати во Франција, два во Германија, еден во Обединетото Кралство, еден во Јужна Африка и еден во Јужна Кореја
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за затворање на речиси 30 амбасади и конзулати низ светот, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на внатрешен документ од Стејт департментот.
Ова се смета за дел од плановите на новата администрација на Соединетите Американски држави (САД) за спроведување на значајни промени во дипломатско присуство во странство.

Во документот се препорачува затворање на 10 дипломатски претставништва и 17 конзулати, вклучително и два во Босна и Херцеговина, односни конзуларните одделенија во Мостар и Бања Лука, како и пет конзулати во Франција, два во Германија, еден во Обединетото Кралство, еден во Јужна Африка и еден во Јужна Кореја.
Како што пишува во документот се препорачува и намалување на присуството на американските дипломатски претставништва во Сомалија и Ирак, земји што се клучни за американските антитерористички напори.
Најголем дел од предложеното затворање на амбасадите се наоѓаат во Европа и Африка, иако тука се вклучени и оние во Азија и Карибите. Така, во предлогот се наведени и амбасадите во Малта, Луксембург, Лесото, Република Конго, Централноафриканската Република и Јужен Судан.
На списокот има и пет конзулати во Франција, два во Германија, два во Босна и Херцеговина, еден во Обединетото Кралство, еден во Јужна Африка и еден во Јужна Кореја.
Во документот се предлага должностите на затворените амбасади да ги покриваат оние што се наоѓаат во соседните земји.
Инаку, администрацијата објави кандидати за амбасадори само за две од амбасадите, што се препорачани за затворање – Малта и Луксембург.
Според Си-ен-ен, портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус не го коментираше овој документ.
Предложените промени доаѓаат во време кога администрацијата на Трамп, поттикната од Одделот за владина ефикасност на Илон Маск, прави напори да ги намали трошоците на федералната влада.
Се уште не е познато дали американскиот државен секретар Марко Рубио го одобрил предложеното затворање на американските дипломатски претставништва.