Министерството за здравство информира дека медицинските тимови на здравствените установи се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти
Според информациите за пациентите кои се лекуваат во земјава, на Клиниката за пластична хирургија се хоспитализирани 10 пациенти, на Клиниката за токсикологија – 10, на Торакална – 4, на Трауматологија – 2, на Детска хирургија – 4, на КАРИЛ – 13, на Клиниката за пулмологија – 2.
Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 17 пациенти, во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ – 11 и во Општата болница Штип има двајца пациенти.
Според информации од медицинските центри во Австрија, од шест пациенти, пет се на интензивно лекување во стабилна состојба, додека еден е префрлен на интерно одделение.
Во Литванија четири пациенти се на интензивно лекување во стабилна состојба.
Петтемина пациенти повредени во пожарот во Кочани кои беа испратени на лекување во Анкара, Турција, од денес дишат самостојно.
Во Србија во моментов се лекуваат 30 пациенти, кои се на интензивно лекување во стабилна состојба.
Во здравствени установи во Бугарија се лекуваат 14 пациенти, од кои седум се на интензивна нега, а останатите се со помал процент на изгореници и самостојно дишат.
Во Грција се лекуваат осум пациенти, кои се водат за стабилни.
Во текот на ноќта се очекува и други пациенти да бидат упатени во европски центри, а Министерството за здравство изразува благодарност за поддршката која ни се пружа од првиот момент од нашите меѓународни партнери.