Од Противпожарната бригада на Кочани за МИА потврдија дека во близина на дискотеката има резервоар за нафта, но дека тој бил на друг објект. Информацијата ја потврдија и од Обвинителството
Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде во неделата рано сабајле во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Резервоарот за нафта бил на друг објект, а бил откриен од страна на крим техника.

Од Противпожарната бригада на Кочани за МИА потврдија дека во близина на дискотеката има резервоар за нафта, но дека тој бил на друг објект. Оттаму не знаат точно дали и колку нафта имало во резервоарот.
Информацијата ја потврдија и од Обвинителството.
„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат“,
информираа од Обвинителството.
Веста првично ја објави српски „Информер“ повикувајќи се на изјави на очевидци кои тврдат дека станува збор за наводно нелегално закопана цистерна со 10 тони нафта која била во сопственост на газдата на дискотеката. Порталот објави и видео од резервоарот и изјави од локалните жители.