Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие (258), 13 теста се во рамките на скринингот и тоа во Велес, Кочани, Куманово и Скопје. Во градинки и геронтолошки установи во овие градови не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19
Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Од новите случаи, 12 заразени со коронавирус се од Скопје, 5 во Тетово, 3 од Куманово и едно лице од Штип. Во изминатото деноноќие, нема починати пациенти како последица од ковид-19. Оздравени се 17 луѓе.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата до денеска изнесува 1999. Бројката на оздравени пациенти е 1439, а на починати 113.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.
„Досега во земјата се направени вкупно 25 528 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19“, соопшти Филипче.
