Според хрватските медиуми, Пленковиќ се очекува денеска да биде пуштен на домашно лекување
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчеравечер е хоспитализиран во загребската клиничка болница поради срцева аритмија, пренесува хрватски „Н1“. Му бил извршен медицински зафат за корекција на повремени срцеви аритмии, соопшти утрово владиниот портпарол.

„Ве информираме дека премиерот вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за кардиоваскуларни болести во Универзитетскиот болнички центар за кардиологија во Загреб поради повремено бенигно нарушување на срцевиот ритам. Процедурата е претходно планирана и тече без проблеми“,
изјави владиниот портпарол Марко Милиќ за Хина.
Според хрватските медиуми, Пленковиќ се очекува денеска да биде пуштен на домашно лекување.
Инаку, Пленковиќ беше активен и ги извршуваше тековните работни обврски и еден ден пред оперативниот зафат, кога присуствуваше на завршување на изградбата на гасоводот Злобин-Босиљево.