На подготвителната седница ќе стане збор само за спорните правни прашања околу Законот за употреба на јазиците, кои се вкупно шест на број. Костадиновски на брифингот не откри кои се тие, бидејќи како што рече тоа е традиција на Судот и нив на седницата ќе ги изнесе судијата известител по предметот
Владеењето на правото постои е гарант за остварување на правото на сите граѓани, без разлика на етничка, верска и било каква друга припадност. Вака претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски го почна денешниот брифинг со новинарите на кои сподели детали за подготвителната седница во врска со постапката за оценување на уставноста на Законот за употрена на јазиите што ќе се одржи в четврток на 20 март.

На неа, како што кажа Костадиновски, странски и домашни правни експрти кои го потврдиле своето учество ќе го кажат нивното мислење за спорните прашања кои се отворија пред судиите во врска со ова законско решение.
На седницата ќе учествува холандскиот врховен судија, д-р мартин Кујер, кој е и претседател на Венецијанската комисија, кој ќе го образложи пријателскиот совет што Судот го побара од нив и треба да биде усвоен од Комисијата на 15 март, односно утре.
Судијата од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) Артурс Кучс, ќе ја образложи праксата на овој суд во слични случаи и ќе ги презентира европските стандарди за употребата на јазиците. Од домашните експерти, свое толкување ќе дадат поранешната судијка во овој суд, Маргарита Цаца Николовска, членот на Венецијанската комисија, Рената Дескоска,професорите Борче Давитковски, Јетон Шасивари, Гордана Лажетиќ, Мерсел Биљали, Денис Прешова, Мерсим Максути, Мерит Нуџиа, Нурет Бајрам и судиите Жаклина Доведен и Иван Џолев.
На подготвителната седница присутни треба да бидат и подносителите на иницијативите, а свое онлајн обраќање најавено има и професорката Тања Каракамишева.
Она што ќе биде новина, а го потенцираше и Костадиновски, е што седницата ќе се пренесува во живо на јутјуб каналот на Судот и на агрегаторот на вести time.mk.
„Граѓаните ќе можат во живо да слушнат дека Утсавниот суд поставува само спорни правни прашања. Ја би бил среќен ако бараме дел од граѓаните успееме да ги убедиме во нашите искрени и чесни намери. Затоа не случајно постојано повторувам дека јас воопшто не се обраќам на политичарите, не ги разбедувам, оти не можам да ги разубедам, нивните манипулациите ќе продолжат. Но ако успеам не само јас туку и Судот да ги убедиме граѓаните да не бидат манипулирани, тоа е успех“,
рече Костадиновски на брифингот.
На подготвителната седница ќе стане збор само за спорните правни прашања околу Законот за употреба на јазиците, кои се вкупно шест на број. Костадиновски на брифингот не октри кои се тие, бидејќи како што рече тоа е традиција на Судот и нив на седницата ќе ги изнесе судијата известител по предметот.
Дополнително, како што потенцираше претседателот на Уставен експертите ќе го кажат своето мислење само во однос на материјалното право, односно за содржината на одредбите во законот и нивната уставност.
Формалниот дел, кој се однесува на постапката во која е донесен законот и нејзината уставност, како што потсети Костадиновски, е веќе апсолвиран на подготвителна седница што се одржа на 18 март 2021 година. Ова се однесуваше на Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците, кој тогашниот претседател на државата, Ѓорге Иванов одби да го потпише.
Но, што значи подготвителна седница?
Таа, како што наведе Костадиновски се свикува кога во оној момент пред Уставниот суд да поведе постапка, односно пред да донесе одлука за поведување постапка.
„Уставниот суд има право да свика подготвителна седница, на кој се повикуваат учесници во постапката, стручни органи и организации и научни и стручни работници што ќе ги определи Судот. Со поканата за подготвителната седница се содржат наводите во иницијативите, правната состојбата и спорните правни прашања што биле одредени од Судот. Подготвителната седница започнува со краток осврт на судијата известител за фактичката и правната состојба по предметот и кои биле спорните правни прашања што се одредени од Судот, по што сите учесници ги даваат своите правни мислења исклучиво за спорните правни прашања кои се поставени“,
рече Костадиновски.

Надоврзувајќи се во тој контекст, тој посочи дека подготвителната седница нема да биде расправа, туку судиите ќе постапуваат прашања кон експертите.
„Ова не е расправа на Судот, нема судија со судија да расправа дали се согласува или не се согласува, туку едноставно ги разјаснуваме со експертите спорните правни прашања што ни се појавиле“,
вели претседателот на Уставниот суд.
Мислењата на експертите, како што наведе тој, не можат да влијаат, туку можат да помогнат на судиите да го изградат ставот во однос на предзвикот поставен пред нив.
Во врска прашањето дали на седницата ќе присуствуваат уставните судии кои се припадници на малцинствата, Костадиновски кажа дека рече дека нема информација дека нема да присуствуваат, додавајќи дека местото на судиите е во судиската сала.
Прашан дали очекува диоплнително да зоврива атсмосферата во пресрет на подготвителната седница, бидејќи ставањето на оваа точка на дневен сензиблизираше дел политичката јавност во земјава, особено опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), Костадиновски се наврати на протестите со шатори кон крајот на минатата година, кои како што кажа нхе ги поколебале да го чуваат Уставот, како нивна основна надлежност и должност.
Одговарајќи, исто така, на новинарско прашања тој рече дека испратиле допис до Министерството за внатрешни работи (МВР) во кој информирале за седницата и навеле дека доколкку од Министерството ценат дека треба се преземат некои мерки од нивна надлежност да постапат по нив.
„Имаме странски гости, имаме учесници во постапката и подготвителната седница треба да се одржи во еден нормален амбиент“,
рече Костадиновски.
Прашан дали очекува некакви проблеми, претседателот на Уставниот суд рече дека не може да каже,
„Еве досега нема некоја најава дека ќе има протести, што не значи дека нема да има“,
додаде тој.
Од опозициската ДУИ денеска преку писмено соопштени рекоа дека секој обид за оспорување на Законот за употреба на јазиците е обид за оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок на земјава.
Оттаму оценија дека со оспорувањето на Законот не се прави ништо друго освен, како што велат, напад врз темелите на соживотот и евроатлантската ориентација на државата. Оценувањето на уставноста на Законот, според ДУИ, е политички мотивиран и репресивен чин кој доведува до создавање тензии и отворање на старите рани од минатото.
Претседателот на Уставниот суд, како свој личен став, ги оцени ваквите наводи како лага, манипулација и политички примитивизам и дивјаштво.
„Со индигнација ги отфрлам сите лаги, тешки и манипулации кои веќе преминуваат во сферата на опасни манипулации. Што треба ние да направиме со таа иницијатива? Да ја земеме да ја искинеме, да ја чуваме до 2030 година, до 2040, 2050 година? Што треба да направиме кога имаме јасно определени надлежности и должности. Ние сме должни да одговориме на прашањето. Но, сега да се употребуваат такви тешки зборови, да се игра на чувствата на граѓаните, да се манипулира е навистина, не знам како да го наречам, ова е брутално, ова е политички примитивизам, политичко дивјаштво. Ова се лаги, невистини“,
рече тој на брифингот.
Уставниот суд на седницата одржана на 11 декември 2024 година одлучи да одржи подготвителна седница за расправата по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.
Судијата известител Елизабета Дуковска тогаш предложи да се одржи подготвителна седница, што доби поддршка од повеќе судии, вклучувајќи ги Ана Павлова Данева, Татјана Васиќ Бојаџиева, Јадранка Дабовиќ и Дарко Костадиновски. Судијата Добрила Кацарска не се согласи со предлогот, сметајќи дека веќе има доволни подготовки.
Поддржувачите на одлуката ја истакнаа важноста на подготвителната седница за да се покажат дека владее правото и дека уставноста не се брани на улиците, туку во судот. Тие повикаа на трпение и доверба во институциите и нагласија дека одлуката ќе помогне во отфрлањето на наводите за политизација.