За време на средбата, на Путин му биле доставени дополнителни информации од американска страна, а рускиот претседател испратил одредени информации и сигнали до претседателот на САД, Доналд Трамп
Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, вчеравечер бил во посета на Москва и остварил средба со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Ова денеска го потврди портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, додавајќи дека за време на средбата, на Путин му биле доставени дополнителни информации од американска страна, а оти рускиот претседател испратил одредени информации и сигнали до претседателот на САД, Доналд Трамп.
„Тој беше овде вчера, доцна синоќа беше примен од претседателот. На руската страна ѝ беа доставени дополнителни информации, а Путин му пренесе информации и дополнителни сигнали на претседателот Трамп“,
изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.
Додаде дека сигурно има причина да се чувствува „внимателен оптимизам“ за изгледите за решение на војната.
Пред средбата со Виткоф, Путин објави дека Русија се согласила со предлогот за прекин на огнот во Украина, но само под услов тоа да доведе до долгорочен мир. Додаде дека треба да се земат предвид неколку „нијанси“.