Во второто полувреме, Словенија напредуваше и направи предност, со што на крајот обезбеди победа со 32:26
Македонската ракометна репрезентација вечерва доживеа пораз од Словенија на домашен терен во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје со конечен резултат од 26:32 во рамки на квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во 2026 година.

Нашите ракометари, предводени од Кире Лазаров, го започнаа натпреварот со добар старт и со водство, а во првата половина од играта водеа со разлика од шест гола (11:5). Сепак, предноста се намалуваше и првото полувреме од натпреварот го завршија со минимална предност од еден гол (16:15).
Во второто полувреме, Словенија напредуваше и направи предност, со што на крајот обезбеди победа со 32:26.
Ракометарот Филип Кузмановски е најефикасен играч во овој натпревар со постигнати десет гола, пред Марко Митев со пет и Жарко Пешевски со четири гола.
По овој пораз, Македонија е на третото место во табелата со два бода, зад Литванија, која има четири и Словенија, која е прва со максимални шест бода.
Шанса за реванш нашиот национален тим ќе има во Копер во недела на 16 март во 18:30 часот.