Вработен во геронтолошка установа во Скопје е новиот позитивен случај на ковид-19 откриен во рамки на скринингот, информира Министерството за здравство.
Од 508 тестови за ковид-19 направени во изминатото деноноќие, 188 теста се во рамките на скринингот.
Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи.
Досега со скринингот направени се 2 248 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на ковид-19.
Освен новиот случај во геронтолошка установа, откриени се и двајца вработени во градинки во Скопје и Битола кои покажале позитивни резултати на ковид-19.
