Според УХМР, ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе се движи од 17 до 24 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер и со температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе се движи од 17 до 24 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер и со температура до 24 степени.
Утре, понеделник, нѐ очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер.
Во вторник ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).
