Саудиска Арабија го откажа одржувањето на бајрамската молитва во двете џамии во Мека и Медина, поради опасност од ширењето на ковид-19.

Освен забраните за странски лица да патуваат во оваа земја, саудиските власти донесоа одлука од 23 до 27 мај да се воведе целосен карантин.
Минатата година бројот на верници кои одлучија да го прослават празникот Рамазан Бајрам во овие две свети места надмина над еден милион муслимани.

Забрана за одвивање на Бајрамската молитва донесе и Дијанетот на Турција.
Во соопштенито до јавноста се вели дека иако нема да има верници во џамиите, од минарињата на џамиите ќе се слушаат молитви и текбири на разглас.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган најави дека полицискиот час ќе важи на територијата на целата земја во текот на целиот празник.