Не само што ги немаше меѓу кандидатите, туку лицата со попреченост беа целосно исклучени и од рекламите на политичките партии на последните парламентарни избори, заклучи анализата спроведена од меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС и фондацијата „Метаморфозис“
Зошто? И, дали ќе ги вклучат лицата со попреченост на следните избори? Прашавме и не добивме никаков одговор од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“, СДСМ и ДУИ