Засилено полициско присуство денеска може се забележи низ Градскиот парк во Скопје.


Екипата на „360 степени“ на терен забележа полициски возила и полицајци кои патролираат пеш во паркот и во центарот на Скопје.


Согласно владините уредби за заштита од ковид-19, полицијата треба да контролира и да казнува доколку граѓаните не ги почитуваат мерките за лична заштита како задолжителното носење маски и забраните за групирање.
Според полицискиот билтен, МВР во последното деноноќие регистрирала 205 прекршувања на мерките за лична заштита.
