Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале забраната за движење.
Од нив приведени биле 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. По однос на мерката за носење лична заштита пак, регистрирани се 205 прекршоци.
Од таму додаваат дека во текот на изминатото деноноќие на 48 лица им се издадени решенија за изолација, а 17 лица потпишале изјави за самоизолација.
