„Жртвата за цело време се спротивставувала на неговите допири, но тој ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, како и со нога по лицето, по што таа започнала силно да крвави“, наведуваат од Обвинителството
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка и предложи притвор за 37-годишен скопјанец поради сомнение за сторено кривично дело полов напад и силување.

Изнесувајќи детали за случајот, од ОЈО Скопје наведуваат дека осомничениот на 21 февруари насилно извршил обљуба врз жена во автомобилот на својот татко. Ја принудил на сексуален однос против нејзината волја.
„Жртвата за цело време се спротивставувала на неговите допири, но тој ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, како и со нога по лицето, по што таа започнала силно да крвави“, наведуваат од Обвинителството.
На крајот насилно ја принудил на сексуален однос, иако жртвата неуспешно се обидувала да се оттргне и да избега.