Уште 200 дена по престанокот на вонредната состојба во земјава, трговските објекти во земјава имаат обврска да ги применуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот:
-редарска служба при влезот и во внатрешноста на трговските објекти;
-дезинфекција за раце при влез во објектот;
-поставување на соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење;
-запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот;
-истовремено пазарување најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, додека со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице;
-обезбедување на заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените во објектот, кои се должни да ја носат за времетраење на работното време.
Оваа одлука ја донесе денеска Владата на вечерашната седница, со што ја измени Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба.