Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.
„Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни“,
рече Филипче во интервју на ТВ 24.
На новинарското прашање кога се планира да се отворат границите, Филипче рече дека тоа се очекува кон средината на јуни.
„Тоа е разумен период кога би можеле да се отворат границите“,
посочи Филипче, апелирајќи дека луѓето можат да одат секаде, но да ги почитуваат мерките.
Србија денеска донесе одлука за отворање на границите од утре без да се бара тест, додека Албанија најави дека тоа ќе го направи до крајот на овој месец.
