„Бараме силен и траен мир во Украина. За да се постигне ова, Русија мора да ја прекине својата агресија, а тоа мора да биде придружено со силни и кредибилни безбедносни гаранции за Украинците. Во спротивно, постои ризик овој прекин на огнот да заврши како договорите од Минск“, вели францускиот претседател по синоќешниот телефонски разговор со Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот француски колега Еманулен Макрон доцна синоќа преку одделни објави на социјалните мрежи информираа дека разговарале телефонски по состанокот на европските лидери во Париз, од кој беше упатена порака дека Киев не смее да биде изоставен од мировните преговори и дека САД треба да биде гарант на трајниот мир во земјата.
Во објавата на платформата Икс, Зеленски напиша дека разговорот со Макрон бил долг и дека Украина и европските лидери споделуваат заедничка визија дека безбедносните гаранции при евентуален договор за мир мора да бидат цврсти и одржливи.
„Секоја друга одлука без такви гаранции, како кревко примирје, само би послужила како уште една измама од Русија и увертира за нова руска војна против Украина или други европски нации“,
вели Зеленски.
Тој, исто така, наведува дека францускиот претседател го информирал за неговите разговори не само само со европските, туку и со други меѓународни партнери.
„Се договоривме да останеме во постојан контакт додека се носат големи одлуки. Неопходно е да се обезбеди силен и траен мир. А тоа може да се постигне само преку силни безбедносни гаранции“,
додава Зеленски.
I just had a long conversation with President of France @EmmanuelMacron following his meeting today with other European leaders to discuss the global situation, the state of affairs in Europe, and security guarantees for Ukraine.
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 17, 2025
We share a common vision: security guarantees…
Францускиот претседател за разговорот со Зеленски, исто така, информира преку платформата Икс додавајќи дека освен со украинскиот телефонски разговарал и со неговиот американски колега Доналд Трамп.
„Бараме силен и траен мир во Украина. За да се постигне ова, Русија мора да ја прекине својата агресија, а тоа мора да биде придружено со силни и кредибилни безбедносни гаранции за Украинците. Во спротивно, постои ризик овој прекин на огнот да заврши како договорите од Минск. Ќе работиме на ова заедно со сите Европејци, Американци и Украинци. Ова е клучот“,
вели Макрон во објавата.
Францускиот претседател ги повтори ставовите од состанокот од Париз дека Европејците мора да инвестираат повеќе и заедно во безбедноста и одбраната, и за денес и за иднината.
„За таа цел, Европејците сакаат да го забрзаат спроведувањето на сопствената агенда за суверенитет, безбедност и конкурентност. Работата ќе продолжи врз основа на предлозите на Европската комисија, како во однос на поддршката на Украина така и во развојот и инвестирањето во нашата одбрана. Оваа агенда, дефинирана во 2022 година на самитот во Версај, едноставно мора да се спроведе. Одлуки, акции, кохерентност. Брзо. Ќе ги продолжам овие дискусии во наредните денови“,
напиша Макрон.
After bringing together several European leaders, I have just spoken with President @realDonaldTrump and then with President @ZelenskyyUa.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) February 17, 2025
We seek a strong and lasting peace in Ukraine. To achieve this, Russia must end its aggression, and this must be accompanied by strong…
На вчерашниот состанок во Париз, европските лидери се согласија дека Европа мора да инвестира повеќе во својата безбедност и да игра водечка улога во гарантирањето на сигурноста на Украина. Сепак, како што истакнаа по вонредните консултации во француската престолнина, соработката со Вашингтон останува клучна за постигнување мир во Украина.
Како синоќешните средби, така и телефонските разговори меѓу лидерите, се одржаа во пресрет на денешните руско-американски преговори за Украина во саудиската престолнина Ријад.