За попладне УХМР најавува локален и повремен слаб дожд
Променливо облачно со повремени сончеви периоди – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Наутро ќе има услови за магла по одделни котлини. Попладне, пак, наместа се очекува локален и повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 6, додека максималните ќе се искачат од 5 до 14 Целзиусови степени.
Времето во Скопје ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 4 до максимални 13 степени.
Променливо облачно време УХМР најавува и за вториот ден од викендот.