Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 3 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 4 до 11 степени
Денеска нè очекува умерено до значително облачно време. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе врне повремен и слаб локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер кој на места, в долж Повардарието повремено ќе засилува.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 3 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 4 до 11 степени.
Времето во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисток. Температурите ќе се движат во интервал од минимални 3 до максимални 10 степени.
За викендот, УХМР најавува променливо облачно време со повремени сончеви периоди и услови за локален дожд.