Од минхенската полиција на Икс објавија дека возачот на автомобилот, кој влета во толпата, е уапсен на местото на настанот и веќе не претставува закана

Најмалку 20 лица се повредени, од кои двајца се во тешка состојба, откако автомобил влетал во група луѓе во германскиот град Минхен, соопшти полицијата.
Според пишувањата на германски „Билд“, до инцидентот дошло утринава во 10:30 часот кога возачот на „мини купер“ прво забрзал со автомобилот, а потоа удрил во насобраните луѓе кои денеска се излезени на протест барајќи зголемување на платите за осум отсто, поголеми бонуси и дополнителни три слободни дена.
Од минхенската полиција на Икс објавија дека возачот на автомобилот, кој влета во толпата, е уапсен на местото на настанот и веќе не претставува закана.
„Постојат шпекулации за други инволвирани луѓе, но врз основа на нашите моментални сознанија, не можеме да го потврдиме ова“,
се вели во објава од полицијата на Икс.
Wie berichtet handelt es sich bei der gesicherten Person um den Fahrer des Pkw.
— Polizei München (@PolizeiMuenchen) February 13, 2025
Es kursieren Spekulationen über weitere Beteiligte. Dies können wir nach derzeitigem Erkenntnisstand nicht bestätigen.#muc1302 pic.twitter.com/PjOu1L1bqr
Од полицијата додаваат дека грижата за повредените е главен приоритет и велат дека бројни служби за итни случаи сè уште се на терен околу местото на инцидентот.
Verdi Demo in München.
— AlternativeMitte (@ZamirSh11842484) February 13, 2025
Auto rast in die Demo. pic.twitter.com/cLBHaDebfi
Исто така, додаваат дека во близина на главната железничка станица во тек е голема операција, а екипите се обидуваат да утврдат што се случило.
Според информациите што ги пренесува „Билд“, претходно имало истрели.
Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, во изјава за „Билд“ вели дека за инцидентот бил известен од шефот на полицијата и додава дека меѓу повредените имало и деца.
Полицијата на Икс објави и линк на кој може граѓаните да закачуваат релевантни видеа или слики од настанот.