Според последните резултати на Централната изборна комисија, на изборите во Косово учествувале 789 172 гласачи, што резултира со излезност од околу 40 отсто
Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти има освоено 41,99 отсто од гласовите на парламентарните избори во Косово, велат последните податоци на тамошната Централна изборна комисија од 73 отсто од преброените гласови.

На второ место е Демократската партија на Косово со 22,68 отсто, додека Демократската лига на Косово е трета со 17,9 отсто. Потоа следува Алијанса за иднината на Косово со 7,56 отсто од гласовите.
Српската листа има 2,98 отсто.
Според последните резултати на Централната изборна комисија, на изборите во Косово учествувале 789 172 гласачи, што резултира со излезност од околу 40 отсто.
Излезните анкети посочија дека косовската владејачка партија е на пат да освои најголем број гласови на парламентарните избори, но нема да може сама да формира влада, односно Курти би можел да биде принуден да бара нови коалициски партнери.
