Потегот на американскиот претседател уследи откако минатата недела демократите во Сенатот ја блокираа иницијативата на републиканците за санкционирање на МКС, покрената како одговор на налозите за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот ексминистер за одбрана поради воената кампања во Појасот Газа
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради истраги насочени кон САД и нивните сојузници, како што е Израел, објави агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на извори во Белата куќа.

Регулатива ќе вклучува финансиски и визни санкции против поединци и членови на нивните семејства кои му помагаат на МКС во истрагите против американски државјани или сојузници на САД.
Потегот на Трамп уследи откако минатата недела демократите во Сенатот ја блокираа иницијативата на републиканците за санкционирање на МКС, покрената како одговор на налозите за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот ексминистер за одбрана поради воената кампања во Појасот Газа.
Судот веќе презеде мерки за заштита на персоналот од можни американски санкции – исплата на плати три месеци однапред, како подготовка за финансиски ограничувања кои би можеле да ја парализираат нивната работа.