Христијан Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО па се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок за случајот со фитнес-салата, реагираат од СДСМ откако вчера дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска порача дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да врши притисок за брзо да се реши случајот.
„За Мицкоски сосема е нормално да крене телефон и да врши притисок врз полицијата за побрзо да се затвори неговиот случај со теретаната. Дури и Наќе Чулев, под притисок на својот шеф, Мицкоски, побрза да го одбрани со незрела изјава дека припадниците на МВР не носеле ракавици туку, замислете, кажа дека е отсјај од светлото. Целата јавност ја виде снимката среде најголемата здравствена криза. Граѓаните видоа како Мицкоски си влегува во празна теретана, придружуван од командантот на единицата ’Тигар‘ и уште еден полициски службеник“,
рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Снимката со Мицкоски во фитнес-салата се појави на 25 април годинава, но тој тврдеше дека таа е стана најмалку 6 месеци. И министерот Наќе Чулев имаше објава во која посочи бил направен увид во видеонадзорот од фитнес-центарот за периодот од 1 до 27 април и оти ниту лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ниту двајцата припадници на МВР кои се со него ги нема на снимките од тој период. Тој, повикувајќи се на изјави од истрагата, рече дека снимката е од октомври лани.
Од друга страна, пак, СДСМ прашуваше зошто тогаш лицата кои се со Мицкоски носат ракавици и маски.
*Поврзани вести:
Се појави нова снимка од Мицкоски во теретана, тој тврди дека е стара најмалку 6 месеци
Чулев: Снимката со Мицкоски во теретана е од октомври 2019 г.
Петровска: Нема потреба Мицкоски да врши притисок за случајот со теретаната
