Според денеска објавената статистика од Министерството за здравство, во болниците во државава на лекување се наоѓаат 131 пациент со ковид-19, од кои 5 се на респиратор.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа се примени 7 нови пациенти, со што хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На кислородна поддршка се 19, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ се примени 12 нови, а вкупно хоспитализирани се 25 пациенти. На респиратор се 3, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти.
Во болницата во Штип се лекуваат 5 пациенти и нема пациенти кои се следат на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 45 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.