Новиот претседател на САД во своето инаугуративно обраќање остро ја критикуваше администрацијата на Бајден, додека поранешниот претседател Џо Бајден седеше неколку чекори од Трамп, за неуспехот да „менаџира едноставна криза дома“
Златната доба на Америка почнува токму сега, рече американскиот претседател Доналд Трамп во своето инаугуративно обраќање.
Тој истакна дека се враќа како 47. претседател „уверен и оптимист дека сме на почетокот на возбудливата нова ера на национален успех“.

„Повторно ќе се избалансира вагата на правдата. Злобното, насилно и неправедно вооружување на Министерството за правда и владата ќе заврши“,
рече Трамп.
Трамп изјави дека земјата моментално е во пад, критикувајќи го системот за образование и здравствена заштита. Тој вети дека ќе донесе промени многу брзо.
„Сето ова ќе се промени почнувајќи од денес и ќе се промени многу брзо. Моите неодамнешни избори се мандат за комплетно и целосно поништување на ужасното предавство, и сите овие многу предавства што се случија, и да им се вратат на луѓето нивната вера, нивното богатство, нивната демократија и, навистина, нивната слобода. Од овој момент, падот на Америка заврши“,
нагласи Трамп.
Во своето инаугуративно обраќање, Трамп потсети и дека многу луѓе ги загубија своите домови во шумските пожари што беснееја низ Лос Анџелес во последните недели.
Новиот претседател на САД во неговото инаугуративно обраќање остро ја критикуваше администрацијата на Бајден, додека поранешниот претседател Џо Бајден седеше неколку чекори од Трамп, за неуспехот да „менаџира едноставна криза дома“.
„Сега имаме влада која не може да управува со едноставна криза дома, а во исто време континуирано се сопнува на катастрофални настани во странство“,
истакна Трамп.
Национална вонредна состојба на границата меѓу САД и Мексико
Американскиот претседател, исто така, се осврна и на имиграцијата, главен фокус на неговата нова администрација, велејќи дека владата „не ги штити нашите величествени граѓани кои го почитуваат законот, туку обезбедува светилиште и заштита за опасните криминалци“.
„Имаме влада која одобри неограничено финансирање за одбрана на странските граници, но одбива да ги брани американските граници или, уште поважно, сопствениот народ“,
рече тој.
Денеска, нагласи тој, ќе потпише извршна наредба за прогласување национална вонредна состојба на границата меѓу САД и Мексико.
Сите нелегални влезови ќе бидат „запрени веднаш“, додаде Трамп, истакнувајќи дека владата ќе започне процес на враќање на милиони „криминални странци“ во земјите од кои дојдоа.
Тој зборуваше и за други планирани мерки, вклучително и враќање на политиката „Остани во Мексико“ и испраќање дополнителни војници и ресурси на границата.
Трамп рече дека ќе ги прогласи нарко-картелите за терористички организации со цел да го спречи влезот на дрога во земјата, а најави и жестоко сузбивање на криминалот во земјата.
Тој најави и промена на енергетската политика.
„Америка повторно ќе има производство, вклучително и автомобилската индустрија, и ќе произведува енергија што ќе се извезува низ целиот свет“,
рече Трамп.
Ќе има само два пола
Најави и воведување тарифи за заштита на животниот стандард на Американците.
Тој, исто така, рече дека ќе ги ограничи програмите кои промовираат различност, еднаквост и инклузија и дека ќе бидат признати само два пола, машки и женски.
Трамп најави и враќање на активистите против вакцинација.
Еден од неговите потези беше промена на името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив, како и промена на името на највисокиот врв во Северна Америка од Денали во планината Мекинли.
