Триесет и деветтиот американски претседател почина на 29 декември на 100-годишна возраст во родниот град Плејнс, Џорџија. Претседателот во заминување Џо Бајден одржа говор на државниот погреб во националната катедрала во Вашингтон
Сите пет живи американски претседатели беа фотографирани заедно на погребот на Џими Картер.

Триесет и деветтиот американски претседател почина на 29 декември на 100-годишна возраст во родниот град Плејнс, Џорџија. Претседателот во заминување Џо Бајден одржа говор на државниот погреб во националната катедрала во Вашингтон.
Се појавија и новоизбраниот претседател Доналд Трамп, како и неговите претходници Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон. Интересно е што сите биле придружувани од нивните сопруги, освен Обама. Во друштво на петтемина живи претседатели беше и потпретседателката Камала Харис, која минатата година ги загуби изборите од Трамп.
Ова е првпат демократски кандидат да се види со новоизбраниот претседател по изборите во САД. Пред збогувањето, Трамп се ракуваше со својот поранешен потпретседател Мајк Пенс. Ова беше и првпат двајцата да бидат видени заедно во јавноста откако ја напуштија Белата куќа во 2021 година.
Пенс подоцна стана жесток критичар на Трамп и одби да го поддржи тврдењето на Трамп дека тој победил на изборите во 2020 година. Трамп, во пресрет на збогувањето, разговарал со Обама.
President-elect Trump arrives at the funeral of President Jimmy Carter, followed by former Presidents Obama, Bush and Clinton. pic.twitter.com/GTort2M4NT
— CSPAN (@cspan) January 9, 2025
За време на својот говор, Бајден рече дека Картер го научил на важноста да се третира секој со достоинство и почит.
„Пријателството со Џими Картер и неговиот живот ме научија дека силата на карактерот е повеќе од титулата или моќта што ја имаме. Сила е да се разбере дека сите луѓе треба да бидат третирани со достоинство, почит и дека секој заслужува еднаква можност. До младите луѓе, до сите кои бараат смисла и цел, проучете ја силата на примерот на Џими Картер. Карактерот, верата, љубовта – вистински патриот“,
рече Бајден.

Тој посочи дека Картер значително ги променил работите и дал пример за примерен ангажман по завршувањето на неговиот претседателски мандат. Претседателот во заминување рече дека животот на Картер е „приказна за човек кој никогаш не дозволил политичката плима да го одвлече од неговата мисија да му служи и да го обликува светот“.
Говор одржа и Џошуа Картер, внук на поранешниот претседател.
„Изгради куќи за луѓе на кои им требаа домови. Ги елиминираше болестите на заборавени места. Се бореше за мир насекаде во светот, каде и да видеше можност. Ги сакаше луѓето“,
посочи тој.
Џими Картер беше демократски претседател од јануари 1977 до јануари 1981 година. Картер ја напушти Белата куќа откако беше поразен на изборите од републиканецот Роналд Реган.
Картер годините потоа ги помина фокусиран на меѓународните односи и човековите права што му ја донесоа Нобеловата награда за мир во 2002 година.
