Земјотресот е регистриран околу 9:00 часот по локално време (1:00 часот по Гринич). Бил со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 10 километри
Најмалку 95 лица загинаа, а 130 се повредени во разорниот земјотрес што утринава го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина.

Според податоците на Американскиот геолошки институт, потресот го погодил северното подножје на Хималаите во близина на еден од најсветите градови на Тибет – Шигаце. Земјотресот е регистриран околу 9:00 часот по локално време (1:00 часот по Гринич). Бил со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 10 километри. Потреси биле почувствувани и во соседен Непал и делови од Индија.
Ударот на земјотресот бил почувствуван низ регионот Шигаце на Тибет, дом на 800 000 луѓе. Истоимениот град е традиционалното седиште на Панчен Лама, клучна фигура на тибетскиот будизам.
Земјотресот е еден од најсмртоносните што Кина ги видела во последните години.
Кинескиот претседател Си Ѓинпинг порача дека треба да се преземат сеопфатни напори за пребарување и спасување за да се минимизираат жртвите, населението во загрозените подрачја правилно да се дислоцира.
