Трамп ја отфрли наредбата на судијата како „нелегитимен политички напад“. На социјалните мрежи, тој случајот го нарече „ништо освен фарса“
Пресудата против новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, за случајот со давање поткуп, ќе биде изречена на 10 јануари, помалку од две недели пред одржувањето на инаугурацијата.
Судијата во Њујорк, Хуан Мерчан, потенцира дека нема да го осуди Трамп на затворска, условна или парична казна, туку наместо тоа, ќе му даде „безусловно отпуштање“, пренесува Би-би-си. Тоа би значело дека осудата останува, но обвинетиот е осуден без парична казна или затвор, што е многу поблага казна и ќе овозможи Трамп да влезе во Белата куќа, но како осуден криминалец. Судијата потенцира и дека Трамп може да се појави лично или виртуелно на сослушувањето.
Во одлуката напишана на 18 страници, Мерчан ги отфрли различните барања на адвокатите на Трамп за поништување на неговата пресуда.

Фото: Архива
Трамп ја отфрли наредбата на судијата како „нелегитимен политички напад“. На социјалните мрежи, тој случајот го нарече „ништо освен фарса“.
Доналд Трамп беше осуден во мај за 34 кривични дела за фалсификување деловни записи поврзани со исплата на 130 000 долари на порноѕвездата Сторми Даниелс.
Обвиненијата се однесуваат на обиди да се прикријат надоместоците на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен, кој во последните денови од изборната кампања во 2016 ја исплатил Даниелс да молчи за наводната сексуална средба со Трамп.
