Велат дека не може да има кампања, ама Наќе Чулев може да организира прослава, рече министерката за одбрана во дебата со Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на ТВ 24
Четворица од МВР кои учествувале во прославата на Денот на полицијата на 7 мај се позитивни на коронавирус, откри министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во вечерашното гостување на ТВ 24.
„Велите дека се грижете за здравјето на граѓаните, а единствено министерот предложен од ВМРО-ДПМНЕ, против сите препораки, направи прослава со повеќе од 50 присутни на едно место. Според моите информации од денеска, четворица од луѓето, од припадниците на МВР, кои учествуваа на оваа прослава се позитивни на коронавирус. Велат дека не може да има кампања, ама Наќе Чулев може да организира прослава“,
рече Шекеринска во дебатата со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.