Dow Jones се лизна за 0,97 отсто, на 42. 573 поени, додека S&P 500 падна за 1,07 отсто, на 5 906 поени, а индексот Nasdaq се намали за 1,19 отсто, на 19 486 поени. На претпоследниот ден од тргувањето оваа година на најголемата светска берза, цените на акциите паднаа во сите 11 најважни сектори на индексот S&P 500
На Волстрит вчера, во мирно тргување, без позначајни вести и со слаб претпразничен сообраќај, берзанските индекси значително паднаа, но и понатаму се на пат кон големи добивки годинава.
Dow Jones се лизна за 0,97 отсто, на 42. 573 поени, додека S&P 500 падна за 1,07 отсто, на 5 906 поени, а индексот Nasdaq се намали за 1,19 отсто, на 19 486 поени. На претпоследниот ден од тргувањето оваа година на најголемата светска берза, цените на акциите паднаа во сите 11 најважни сектори на индексот S&P 500.
„И покрај слабоста во последните денови, индексот S&P 500 скокна за повеќе од 50 отсто во текот на изминатите две години. Така, некои инвеститори мислат дека можеби е време да извадат дел од профитот од пазарот. А со толку слаб обем на тргување пред празници, не е потребно многу за индексите значително да се движат“,
објаснува Оливер Пурше, потпретседател во компанијата „Велтспајр адвајзорс“.
И покрај вчерашниот значителен пад, индексот Dow Jones е во пораст за повеќе од 13 отсто оваа година, S&P 500 е над 24 отсто, а Nasdaq индексот е во пораст за околу 30 отсто.
Ваквиот силен раст е благодарение на еуфоријата во однос на развојот на вештачката интелигенција, која го поддржа растот на цените на акциите на технолошките компании, особено на т.н. величествените седум – Алфабет, Амазон, Епл, Мета, Мајкрософт, Нвидија и Тесла.
На пример, цената на Нвидија, најголемиот светски производител на чипови за вештачка интелигенција, се зголеми за околу 180 отсто оваа година. Пазарот годинава беше поддржан со намалувањето на каматните стапки од страна на американската централна банка во три наврати, за вкупно еден процентен поен, што треба да го поттикне растот на економијата.
Дополнително, цените на акциите значително пораснаа благодарение на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, бидејќи се очекува тој со своите политики да придонесе за растот на економијата и да спроведе дерегулација во повеќе области.
Вчера паднаа и европските берзи
Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,35 отсто, на 8 121 поен, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,38 отсто, на 19 909 поени, а париски CAC за 0,57 отсто, на 7 313 поени. За повеќето европски берзи вчера беше последниот трговски ден во годината.
Индексот STOXX 600 на најважните европски акции годинава порасна за 5,5 отсто, значително помалку од американските и повеќето азиски берзански индекси. Индексот MSCI на азиските берзи годинава порасна за околу 8 отсто, додека MSCI индексот на најважните акции во светот истовремено зајакна за повеќе од 16 отсто.
