Количините на руски гас што доаѓаат во Европа преку Украина се релативно мали. Во 2023 година, Русија преку оваа рута испрати околу 15 милијарди кубни метри гас, што е само осум отсто од вкупната количина руски гас што течеше во Европа преку различни рути во 2018 и 2019 година
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека нема време до крајот на годината да се потпише нов договор за транзит на гас преку Украина и го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека не го продолжил договорот со кој се испорачува гас на Словачка, Чешка и Австрија.
„Тие најавија дека нема да го обноват договорот“,
рече Путин, додавајќи дека Киев со овој потег ја казнува Европа.
Сегашниот петгодишен транзитен договор меѓу Русија и Украина истекува на крајот на годината.
„Нема договор и невозможно е да се склучи за три, четири дена“,
рече Путин во телевизиско обраќање.
Количините на руски гас што доаѓаат во Европа преку Украина се релативно мали. Во 2023 година, Русија преку оваа рута испрати околу 15 милијарди кубни метри гас, што е само осум отсто од вкупната количина руски гас што течеше во Европа преку различни рути во 2018 и 2019 година.
Гасоводот Уренгој-Помари-Ужгород од советската ера носи гас од Сибир преку градот Сужа, кој сега е под контрола на украинските воени сили во руската област Курск. Потоа оди преку Украина до Словачка, каде што гасоводот оди до Чешка и Австрија.
Русија е подготвена да испорача гас преку Украина до секој клиент, но тужбата го оневозможува тоа, додаде Путин.
Рускиот претседател рече и дека Русија е подготвена да ја снабдува Европа со гас преку Полска, гасоводот Јамал-Европа.
